Откривање на летот е роман за односот помеѓу две сестри, од кои постарата живее со церебрална парализа и може да комуницира само со помош на технологија (таа може да го контролира својот компјутер со движење на очите). Романот е пренесен како преплет на роман којшто шеснаесетгодишната Либи го пишува за тринаесеттиот роденден на Софи, и дневникот на Софи, во кој ја опишува влошената состојба на нејзината постара сестра. Насловот на книгата е исто така насловот на романот на Либи, во кој Либи има форма на јастреб телепатски поврзан со девојка која, како и нејзината сестра, е добар уметник.
Преку своето раскажување приказни, Либи станува херојска фигура, а не беспомошна жртва. По смртта на Либи, мајката на девојчињата и го претставува романот на Софи по што таа го пишува своето последно поглавје, со што ги пренесува гласовите на двете девојчиња.
Романот е официјално препорачан за читање на тинејџерите од Асоцијацијата на библиотеки на Онтарио, во 2019.
Финалист е за Интернационалната книжевна награда за фикција – литература за млади, во 2019.
за авторката
Сузан Гликман е авторка на шест книги со поезија, три новели за млади, книги за деца… Предава креативно пишување на Универзитетот на Торонто.