Исландска детска книга на годината во 2011 г.
Колкекс, Хари Шеќер и Флај се само обични домашни
муви. Вид на муви коишто малку луѓе ги забележуваат и
коишто тешко дека некогаш направиле нешто значајно.
Сѐ до денот кога решаваат да избегаат од дома и да ги
бараат добрите монаси од Непал.
Необична приказна за мувите, луѓето и војната.
Урнебесна и смртно сериозна истовремено.
За авторката
Бриндис Бјоргвинсдотир е писателка, фолклорист и визитинг-професор на
Исландската Акдемија за општествени науки.
Илустраторот Торарин Мар Балдурсон е виолинист во Исландскиот симфониски оркестар