Ако Месечината ви е пријател, никогаш не ви е здодевно ноќе. Можете да играте криенка со неа, или да ги броите ѕвездите. Можете да одите на долго мистериозно патување – со брод! И кога ќе заспиете, таа ќе ве чува цела ноќ. Иако Месечината понекогаш станува тенка како опашката на глувчето, нејзиното пријателство никогаш не пресушува.
Патувајте до сонот со оваа убава приказна за необичното пријателство помеѓу Месечината и една девојка!