Кога една несреќна, млада проститутка и нејзиниот љубовник се убиени во грозоморно двојно убиство, повикан е детективот Ханаш. Случајот го влече него и неговиот тим во сиромаштијата на сламовите на Казабланка, разнесени од криминал, религиозен екстремизам и очај.
Годините работа како детектив направиле Ханаш да се запознае со подземјето на градот, но овојпат тој воспоставува лична врска со една од жртвите, која мора да ја скрие по секоја цена…
“Крвава жед” е роман којшто се чита во еден здив –
Hurriyet Daily News
ЗА АВТОРОТ
Абделилах Хамдучи е еден од првите писатели на полициска литература на арапски јазик и е плоден, наградуван сценарист на полициски трилери. Многу од неговите романи, вклучувајќи го и познатиот „Последниот облог“, се поврзани со демократијата и прашања од човековите права. Живее во Рабат, Мароко.