Оваа фасцинантна книга ги раскажува повеќеслојните сеќавања на човек во разорениот Бејрут. Опустошениот, скоро надреален, урбан пејзаж е збогатен со расплетувањето на семејните саги на Никула Митри и неговата сакана Шамса, курдската слугинка. Митри се сеќава на неговата египетска мајка и неговиот татко кои се вратиле да се населат во Бејрут по долгиот престој во Египет. И Митри и неговиот татко се трговци со текстил и го гледаат светот преку „кодот на текстилот“, од интимноста на постелнината, кадифето и свилата до синтетиката. Шамса, пак, ја раскажува својата приказна, големите авантури на нејзините родители и баби и дедовци кои се преселиле од ирачки Курдистан во Бејрут.
Писателката Баракат ткае во нејзините софистицирани наративни парчиња научен дискурс за растенија и текстилни занаети, обичаи и манири на Арапи, Ерменци и Курди, митолошки фигури од античка Грција, Месопотамија, Феникија и Арабија, теозофијата на африканските догони и средновековните Византијците и историските извештаи за крстоносните војни во Светата земја и патот на свилата кон Кина.
ЗА АВТОРКАТА
Баракат е една од најпознатите и најценетите авторки од арапскиот свет. Родена е во Бејрут, Либан во 1952 година. Дипломирала француска литература на либанскиот универзитет во 1975 година. Работела како професорка, преведувачка и новинарка, пред да се пресели во Париз во 1989 година. Работела како професорка на универзитети во Тексас и Вирџинија, САД. Номинирана е за Букеровата награда во 2015 година.