Добри девојки е феминистичка приказна за созревањето на две многу различни млади жени, Али и Октавија, кои се обидуваат да дознаат кои сакаат да бидат. Али е позната
како следбеничка на правила, додека Октавија сака да ги сруши сите правила коишто може – само затоа што може. Запознавајќи се, двете девојки си влијаат меѓусебно и се менуваат. На крајот на краиштата, секоја девојка мора да реши дали да го прифати животот што го живее, или да се побуни против сегашната реалност.
ДОБРИ ДЕВОЈКИ е прва книга во планираната серија духовити, смели и феминистички романи за млади, коишто ќе ги следат Али и Октавија за време на нивните денови на колеџ.
Авторки на книгата се Шалта Дикар Фардин и Сара Сахагиан, феминистки од Канада.