Детенцето Баран е покането на роденденска забава. Тоа е убава вест, се разбира. Но не е убава кога има голем проблем – неговите родители не може да си дозволат да купат убав подарок! Неговото семејство дури се соочува и со исфрлање од нивниот дом поради неплатена кирија.
Баран тогаш посакува да може да најде пари во својата кутија кога и да ја отвори.
Ииии – внимавајте што посакувате, бидејќи понекогаш дури и најлудите желби може да се остварат! А парите можеби можат да донесат повеќе проблеми!?
ЗА АВТОРОТ
Фатих Ердоган важи за пионер во пишувањето на литература за деца во современа Турција.
Неговите книги се продадени во повеќе од 800.000 копии во Турција.
Ердоган има напишано околу седумдесетина книги за деца.
Награден е со голем број на награди за неговите дела. Најголем дел од книгите ги илустрира самиот.
Ердоган е основач и на издавачката куќа Мавибулут, првата издавачка куќа во Турција што објавува исклучиво литература за деца.