Оваа збирка, напишана во средината на ужасните 90-ти, целата е во знакот на згрчена болка, предизвикана од мрачната темнина што постојано лебди над овие простори, со цел да го распадне она што, во меѓувреме, барем и малку добило некаква значајна форма.
Во „Витраж во сеќавањето“ отровното јадро на војната е набљудувано како грдо претчувство или како тешко сеќавање. По ова писмо на Пиштало, се гледа дека тој го апсолвира и дешифрира Балканот, за што зборува и приказната „Мостар“. Во неа, тој пишува: „Животот овде штотуку се собра во рај, а потоа ветерот го однесе. Единствено животните приказни ги надминуваат перипетиите на историјата и повторно се докажуваат како
повредни од сѐ на Балканот што можело да се пофали со трајност“
За авторот
Владимир Пиштало
Владимир Пиштало (1960) е еден од најзначајните современи српски раскажувачи. Меѓу неговите најпознати остварувања спаѓаат поетските прози Сликовница, Манифести, Ноќ и крај на векот, збирките приказни Витраж во сеќавањето, Приказни од целиот свет и романите Милениум во Белград и Тесла, портрет меѓу маските, за кој ја добил НИН-овата награда.
Покрај овие дела, Пиштало е автор и на две необични литерарно-биографски книги – Александрида и новелата Корто Малтезе.
Како преведувач ја добил наградата „Милош Ѓуриќ“ за преводот на поезијата на Чарлс Симиќ.
Живее во Америка каде предава светска и американска историја на универзитетот во Вустер, Масачусетс.