Американскиот кварт

C American Neighborhood-Cover Final-page-001Таканаречениот американски кварт е, иронично, во срцето на населбата Баб ал-Тебенех, која е, за жал, лулка за салафизам во Либан. Од Баб ал-Тебенех, во северниот дел од Триполи, многу џихадисти се регрутирани и испратени во Ирак за да се борат против Американците и нивните сојузници.
Од сите романи на Џабур, „Американскиот кварт“ се издвојува со најструктурен сарказам. Во овој роман, иронијата не е само во зборовите, ниту во ситуациите, таа е во судбината на протагонистот.

„Пишувањето на Дуаихи има исклучителна убавина, концизно, но полно со живот; малку експанзивно, но обоено со бурен лиризам од кој се појавуваат неискажливи емоции“ – Еглам Ерера, Le Monde des livres
„Роман на моќта на кој многу документарни филмови би му завидувале…“
– Вилијам Иригоен, La Cite

ЗА АВТОРОТ

Douaihy-TheNationalAE-300x1991-150x150

Џабур Дуаихи  е роден во 1949 година, во Згарта, град во северен Либан. Докторските студии по книжевност  ги завршил во Франција. Работи како професор по француска литература на либанскиот универзитет во Триполи.