Опис
„12 стола“ е класика на светската сатира.
Книга којашто Индепендент ја нарекува „Book Of A Lifetime“.
Една од малкуте книги која познавачите можат да ја читаат по илјада и прв пат практично откривајќи ја одново и одново. Книга која се цитира и во новински написи и во најсериозните научни трудови.
Сижето, условно речено, е доста едноставно: двајца мажи патуваат по Советска Русија од крајот на 20-тите години на минатиот век. Нивната цел е потрага по скапоценостите скриени во еден од столовите на гарнитурата мебел за дванаесет лица. Воопшто не е едноставно да се најдат трагите на столовите од растурената гарнитура што се однесени на разни страни и ликовите за сето време се соочуваат со разни непријатности и препреки. Но, со секој неуспех, скриеното богатство е сè поблиску и поблиску.
Книгата е филмувана повеќе пати, а еден од филмовите е во режија на Мел Брукс.
Коментари
Нема критики сеуште.