Светиот волк

500 ден

Опис

Со богата хтонска фантазија што си подигрува со ситниот ежедневен живот движејќи се по тунелите од подземниот кон земниот свет и обратно, „Светиот волк“ на Елена Алексиева е проза што е од оние ретки со кои читателот влегува во соучесничка дружба. Наспроти непредвидливата, многу интересна фабула на овој роман, она што ги плени нашата читателска љубопитност и радост, е сижетно-стилската моќ на авторката, нејзината раскажувачка дарба и специфично чувство за хумор. Алексиева се (само)открива со секоја епизода од романот кога животите на ликовите се витални и мистериозни, смешни и повредливи. Денес, кога читателската култура осетно опаѓа, задоволство е да се открие вака контрастно, ефектно и сложено дело во кое распознаваме мајсторска вештина, што и во гротескноста не ја губи својата непосредна хумана сила. (Александар Прокопиев)

Додатни информации

Број на страници

422

Димензии

129 x 198

Година на издавање

2022

ИСБН

978-608-256-117-2

Корица

мека

Коментари

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Светиот волк”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Вие исто така би сакале…