Саман

290 ден

Категорија: Автор:

Опис

Саман е револуционерен индонезиски роман, во кој се прикажани животите на четири жени со слободни погледи кон сексуалноста и на поранешниот католички свештеник Саман, според кого е именувана книгата.

Книгата на писателката Ају Утами е продадена во над 100.000 примероци и започна ново книжевно движење, што ги отвори вратите за тематски книжевни дела со фокус на сексуалноста, а напишани од млади Индонезиски жени.

Саман експлицитно се занимава со сексуалноста како тема, табу за жени писатели во Индонезија во времето кога е објавена – 1998 г. Таа исто така пишува за натприродното и мистицизмот, но и за политиката.

„Саман“ има добиено многу престижни награди и преведена е на повеќе јазици.

ЗА АВТОРКАТА

UtamiАју Утами е индонезиска писателка. Пишува романи, раскази и статии. Саман (1998) се смета за нејзино ремек-дело.

Пишувајќи за секс и за политика, Утами покрена прашањата што порано во литературата им беа забранети на жените во Индонезија.

Додатни информации

Број на страници

215

Димензии

129 x 198

Година на издавање

2020

ИСБН

978-608-256-065-6

Корица

мека

Коментари

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Саман”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.