Опис
– Кратките приказни, онакви какви што пишуваше Чехов, какви што пишуваше Карвер или Луција Берлин, како и оние напишани од Анте Томиќ, веќе во првиот пасус треба да зрачат со автентична и препознатлива атмосфера на едно место – каде сме биле или каде никогаш не сме биле – и до крајот треба да се раскаже цел живот, еден ден или една минута од животот, барем со еден пресврт, еден пресврт пред крајот и со силна поента што, во најдобар случај, не треба да биде преубедлива. Поентата на краткиот расказ е дека може да се разбере само ако зад себе има цела приказна. Изгледа лесно, но ретко кој успева. Томиќ, успева.
Миљенко Јерговиќ
Коментари
Нема критики сеуште.