Пловејќи на Еџ

350 ден

Категорија: Автор:

Опис

Пловејќи на Еџ ја раскажува приказната за Емералд Лејк Висер, несреќна четиринаесетгодишна девојка, која станува сираче на пет години, и живее на фармата кај тетка ѝ чичко ѝ. Поинаква од нејзината заедница и во училиштето, единствена вистинска пријателка ѝ е една постара жена, Џес, која ја учи да плови. Ема е природен морнар, како да пловела со брод целиот живот. Кога Џес умира, се открива дека таа била баба на Ема. Потоа, Ема добива писмо во кое се вели дека нејзината мајка можеби живее на Бахамите, Ема бега на Еџ, бродот на баба ѝ, за да ја најде. Преправајќи се како момче, Ема плови со Еџ преку каналот Ери, по реката Хадсон, излегувајќи на Атлантскиот океан сѐ до Мајами, каде што го преминува заливот кон Бахамите. Навигациони грешки, проблеми со крајбрежната стража, грабеж и невреме, ја ставаат Ема постојано во опасност. Како тоа да не е доволно, кога ќе стигне во Њујорк, се сомнева дека ја следат. Забележува мали црни камчиња кои се појавуваат на нејзиниот брод, заедно со валкани стапалки во кабината. Кога рачно напишана белешка ќе се најде на нејзиниот брод, таа е многу исплашена. Ема нема пасош и е малолетна. Ако ја фатат, ќе ја вратат на фармата. Но, Ема е решена да ја најде својата мајка!

„Смело бегство, мистерија за решавање, брод и девојка која знае да плови со него. Високи бранови и голема авантура – што повеќе би сакале? На Еџ е навистина убаво четиво“.
Тим Вајн-Џоунс, двократен добитник на Governor General’s Award

„Волшебна приказна за авантурите на Ема, четиринаесетгодишно сираче што плови по водите од Канада до Бахамите, во потрага по својата мајка. Еве една бестрашна и силна хероина, која сигурно ќе го привлече вниманието на читателите низ светот. На Еџ ја доловува слободата на пловењето и нераскинливите врски на семејството, во приказна со единствена убавина“.
Гејл Беник, автор на Девојчето што беше така родено

Додатни информации

Број на страници

331

Димензии

160

Година на издавање

2020

ИСБН

978-608-256-068-7

Корица

мека

Коментари

There are no reviews yet.

Be the first to review “Пловејќи на Еџ”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You may also like…