Опис
Жозефин Мендоза бега од сиромаштијата доаѓајќи во Кувајт од Филипините за да работи како слугинка, каде го запознава Рашид, син единец, идеалист со книжевни аспирации. Жозефин, со целосната наивност и неискуство од младоста, верува дека ја нашла вистинската љубов. Но, кога ќе забремени и кога татнежот на војната ќе стане сè погласен, Рашид се приклонува на семејниот и општествениот притисок и ја испраќа дома со нејзиното бебе, синот Хозе. Растејќи и борејќи се со сопствениот двоен идентитет, Хозе грчевито се држи за надежта да се врати во земјата на неговиот татко кога ќе наполни осумнаесет години. Тој не е добро подготвен стрмоглаво да се фрли во свет каде стравот од тираните и диктаторите не е ништо во споредба со стравот од она ’што ќе кажат луѓето’. И со филипинското лице, кувајтскиот пасош, арапското презиме и христијанското име, дали земјата на татко му добро ќе го прими?
„Обзема.“ – Њујоркер
„Алсануси е глас на совеста.“ – Индепендент
„Сила на која треба да се смета.“ – Араб Тајмс
„Амбициозен, култивиран и храбар.“ – Фајненшал Тајмс
Коментари
Нема критики сеуште.