Posted on Leave a comment

Донација од Форумот на словенечки култури за фестивалот ПРО-ЗА Балкан

Форумот на словенечки култури (ФСК) со седиште во Љубљана, кој ја координира културната соработка на тринаесет словенски земји, го донира комплетот  од петнаесет романи објавени на македонски јазик на Интернационалниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан, чијшто организатор е издавачката куќа Прозарт медиа. Покрај на фестивалот, ФСК донира книги и на повеќе библиотеки во земјава.

Комплетот од 15 романи е издаден во рамки на проектот „100 словенски романи“ кој во државава повеќе години го спроведува издавачката куќа „Слово“, освен првите три години кога го спроведуваа „Макавеј“ и „Македонија литера“.

Досега кај нас се реализирани 15 изданија, а истовремено приближно толку романи на македонски романсиери се објавени во земји членки на Форумот.

Изборот на кои културни институции ќе им биде доделен комплетот го направи издавачката куќа „Слово“ и македонските претставници на Форумот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *