Кој се плаши од Црвенкапа?

400 ден

Опис

Едно паметно волче мисли дека пораснало и дека веќе може само да излезе на прошетка низ шумата. Сепак, неговата мајка не се согласува со него и има неколку прашања што би сакала најпрвин да му ги постави на своето волче. Тоа одговара на сите прашања на начин што ја изненадува мајка си. Покрај тоа, многу е креативно …

„Кој се плаши од Црвенкапа?“ е навистина посебна книга со својот шеговит јазик, перспективата на приказната и извонредните илустрации.

Во 2009 година ја доби наградата за најдобра сликовница во Турција.

За авторката

Sara_Sahinkanat1Сара Шахинканат (Истанбул, 1966 г.) се занимавала со преведување и работела во рекламниот сектор. Во 2001 година на свет дојде нејзиниот син Тан. Сликовниците што ги пишуваше за да му се допаднат нему, сега ги пишува и за други деца. Во 2009 година на меѓународниот натпревар во ракотворби на книги, во Ошима, Јапонија ја доби наградата Acceptance со книгата Гуштеровата волшебна опашка. Нејзината книга Кој се плаши од Црвенкапа? беше избрана за Најдобра сликовница од ÇGYD – Интернационален совет за книги за младина на Турција, во 2009 година.

За илустраторката

Ајше Инан Алиџан (Анкара, 1972 г.) дипломирала во 1994 година на Факултетот за убави уметности при Универзитетот Хаџитепе, на отсекот графика. Во Анкара работела илустрации, карикатури и графички дизајн во неколку весници, списанија и издавачки куќи. Учествувала во групни изложби во нејзината земја и во странство. Со книгата Јаболковата пеперутка ја добила наградата Успех на Универзитетот Хаџитепе.
Книгата Кој се плаши од Црвенкапа? ја добила наградата Најдобра сликовница од ÇGYD во 2009 година и е издадена и во Шпанија.

Додатни информации

Број на страници

32

Димензии

290

Година на издавање

2021

ИСБН

978-608-256-092-2

Корица

тврда

Коментари

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Кој се плаши од Црвенкапа?”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Вие исто така би сакале…