Како да го заработиш првиот милион

Milion korica

Оваа книга претставува пародија на мотивациските книги од типот „златни совети“. „Како да го заработиш првиот милион“ на Богдан Костин, нѐ внесува во трагикомичниот свет на нашето секојдневие во кој живеат луѓе подложни на гротескни компромиси, свет во кој сè e на продажба. Кога ќе ти се појави добра идеја за брзо збогатување и згора на тоа си млад претприемач, не ти преостанува ништо друго освен идејата да ја спроведеш во пракса. Се откажуваш од добро платената работа во агенцијата за рекламирање и тргнуваш по сопствен пат со единствена цел, да заработиш милион долари. Анонимниот наратор на овој роман, „јунакот на нашите дни“, својата идеја ја спроведува на најцинични и најневообичаени начини, воден од девизата: Смртта продава. Тој ја ползува смртта на луѓето со цел на клиентите да им ги продаде своите продукти, претворајќи болести, самоубиства и предозирања во емотивни приказни кои треба да стигнат до срцата на тие кои, во потрага по сензации, се хранат со шарените страници на списанијата и светлината на телевизискиот екран. Потпомогнат од помошници без никакви скрупули, и употребувајќи еден кршлив и неморален систем, тој успева да си го оствари сонот.

Преводот од романски на македонски јазик е на проф. д-р Ермис Лафазановски.

За авторот

AVT_Bogdan-Costin_5211

Роден во 1975 година, Богдан Костин е еден од ретките романски писатели што заработуваат за живот од своето пишување. Тоа е затоа што, покрај неговите романи и претстави, тој пишува и за маркетинг потреби, и до сега има има освоено многу награди на национални и меѓународни фестивали од областа на маркетингот, меѓу кои Голден Драм, АДОР, Ефи. „Како да го заработиш првиот милион“ беше бестселер во Романија, ценет и од читателите и од критичарите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *