Posted on Leave a comment

Романса во малото гратче од Григори Канович

„Романса во малото гратче“ е реквием за предвоените Евреи, за луѓето и начинот на живот кој беше трагично уништен.

Автобиорафскиот роман е сместен во мало местенце во Литванија во пресрет на Втората светска војна, родно место на писателот.

Воден од споменот на неговата сакана мајка,
маестралниот раскажувач нè шета низ средината на својот маѓепсан семеен свет, рекреирајќи го минатото кое е неповратно уништено. Канович живо се сеќава на неговото родно место, на политичката криза од 1930-тите, на богатите трговци и чистачи на чевли, луѓето, озборувањата… Секако, тој го следи и растечкиот страв од нацистите, руската инвазија, политичкиот прогон и апсењата и прогонетите, што ја обликуваа нацијата.
„Романса во малото гратче“ e роман полн со нежна наклоност, мека иронија и остри забелешки.
Преводот на оваа книга е поддржан од Литванскиот институт за култура

kanovich

Писателот Канович го преживеал холокаустот речиси по чудо. Сега, тој е познат и ценет како чувар на колективното сеќавање на генерациите литвански Евреи и врвен прозен мајстор.