„1000синови_1000сенки“ и „Московски квартет“ од Методи Златанов

1000sinovi_-1000senki-Print-copy

Издавачката куќа „Прозарт Медиа“ деновиве објави две книги од Методи Златанов. Тоа се „1000синови_1000сенки“ и „Московски квартет“.

Во предговорот за „1000синови_1000сенки“, Златанов пишува:

Овој curiosity killed the cat_самопредизвик го прифатив примарно за да покажам дека, во својата морбидна ексцентричност, суицидните пораки (suicide notes) се еден особен книжевен жанр. Намерно си допуштив малечка доза belle lettre, за да не ги вознемирам оние што искрено ме имаат во својот живот. Но, тоа е само воведната иницијатива во потфатот. Секако намерата не ми беше да составам декадентна салонска збирка од измислени проштални писменца, иако дури и на најнеочекувани места (во фрагментирана форма) светската литература е полна со нив, а и самата фасцинација од зборовите, од последните напишани зборови пред неповратното финале е нешто возбудливо само по себе.

Методи Златанов е добро познат во литературните кругови и досега има објавено дваесетина поетски збирки. Неговата поезија и специфичниот поетски дискурс се препознатливи по своето експериментирање во однос  на мешањето на медиумите (визуелниот и текстуалниот), како и во експресивната употреба на интерпункцијата и неконвенционалата структурата на стихот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *