Posted on Leave a comment

„Разузнавачки извештаи“ од Хорхе Асис, најдобриот писател на политички романи во Аргентина

Издавачката куќа „Прозарт Медиа“ го објави романот „Разузнавачки извештаи“ од аргентинскиот писател Хорхе Асис.

Во романот „Разузнавачки извештаи“ сè е лукаво и со две острици. Исто како и оние разузнавачки извештаи што ги разменуваат агентите на тајните служби, а кои ја обликувале темната позадина на еден период од аргентинската историја. Како идеална тема за проникнувачката и застрашувачка проза на Хорхе Асис, „Разузнавачки извештаи“ првпат е објавен во 1987 година, но е зачудувачки актуелен и релевантен и денес. Во овој роман може да се прочитаат затскриените интриги и заплети кои ја распарчуваат Аргентина, буквално и метафорично.

HO6UWfKQ_400x400Хорхе Асис е најдобриот писател на политички романи во Аргентина, а сите неговите дела се бестселери. Асис е новинар, писател, дипломат. Тој беше амбасадор на Аргентина во УНЕСКО, во Франција и Португалија, Национален секретар за култура…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *