„Свињите“ на Феликс Бруцоне

svinjite

И покрај тоа што е клучна фигура во аргентинската литература во последните години, Бруцоне е исто така чистач на базени. После 13 години работа во вили и затворени заедници во предградијата за да преживее, оваа книга излегува од длабочините на неговото искуство. Во оваа пародија за киднапирање и исчезнување – „свињите“ е колоквијален термин за луѓето кои исчезнаа за време на аргентинската диктатура во 1970-тите.

Авторот Бруцоне ја раскажува судбината на две девојки, кои веруваат дека се киднапирани и бараат засолниште, приближувајќи се кон млад човек кој во тој момент го носи ѓубрето надвор. Енди се согласува да ги заштити девојките, но плашејќи се од можните реакции на неговата сопруга, тој одлучува да ги чува како тајна во просторијата каде што вежба караоке. Чичко Гордини е соучесник на Енди низ целата приказна, а заедно, двете девојки и нивните чувари – или киднапери? – ќе доживеат низа авантури кои пркосат на каква било логика или судбина.

imagesБруцоне во оваа книга сугерира свет на целосна слобода или бес, реалност која се граничи со апсурдот. Па така, марсовци, зајачици и лудо киднапирање се само некои од елементите во овој фиктивен универзум.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *