„Лесна глава“ на руската писателка Олга Славникова на македонски јазик

lesna glava

Со силни, духовити реченици и остра анализа, квази-книжевниот експеримент на Олга Славникова ги става архетипските руски квалитети на тест – но под услови на глобализација: индивидуализмот наспроти комунизмот, самостојноста наспроти општеството, подготвеноста да се направат жртви наспроти егоизмот. Прашањето е: Колку вреди денес руската душа?

„Лесна глава“, која деновиве на македонски јазик ја објави „Прозарт Медиа“ во превод од руски на Обухова Елена Сергеевна и Никола Шуканов ќе можеше да се дефинира како политичка фарса, доколку немаше многу горчлив крај, горчлив како оној во дистописката адаптацијата на Орвел – „Бразил“ на монтипајтоновецот Тери Гилијам.

slavnikova

Олга Славникова е родена во 1957 година во близина на Екатеринбург. Пишува критики и есеи за повеќе руски магазини и списанија. Била член на жирито на Рускиот Букер во 1999 година. Во 2000 година била дел од одборот за наградата за краток расказ на Нови мир, а денес ја доделува дебитантската награда на фондот Поколение. Нејзиниот роман „Вилино коњче, порасна до кучешка големина“ беше меѓу финалистите за Букоровата награда во 1997 година. За романот “Сам во огледалото” ја доби наградата „Базгов“ и беше номинирана за Букеровата награда во 2000 година. 2006 година ја доби наградата Руски Букер за нејзиниот роман „2017“. Добитник е и на наградата „Џенима“ во САД. Олга Славникова живее во Москва.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *