„Волшебните очила“ – уште една книга за деца од серијата „Волшебни книги“ на Фатих Ердоган на македонски

volsebnite ocila

Емре има неверојатна способност – може да гледа низ предмети! Кога се појави на ТВ и ја покажа својата способност, веднаш го привлече интересот на професорот. Оваа авантура ги носи нашите читатели во џунглите на Јужна Америка во потрага по одамна загубено племе!

Ова е содржината на книгата за деца „Волшебните очила“ на најпознатиот турски современ писател за деца, Фатих Ердоган од неговата серија „Волшебни книги“ која деновиве „Прозарт Медиа“ ја објави на македонски јазик во превод на Анета Матовска.

fatih erdoganФатих Ердоган во 2017 е номиниран за најзначајната награда за детска литература во светот, „Астрид Линдгрен“. Тој важи за пионер во пишувањето на литература за деца во современа Турција. Неговите книги се продадени во повеќе од 800.000 копии во Турција. Ердоган има напишано околу седумдесетина книги за деца. Награден е со голем број на награди за неговите дела. Најголем дел од книгите ги илустрира самиот. Ердоган е основач и на издавачката куќа Мавибулут, првата издавачка куќа во Турција што објавува исклучиво литература за деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *