Турскиот бестселер за првата љубов „Ја сакам“ на македонски јазик

Ja sakam - Korica - Print-1

Нашата прва љубов…

Никогаш не е лесно да се опише,

никогаш не е лесно да се зборува за неа, особено во нашата младост.

Најпознатиот турски современ писател за деца, Фатих Ердоган, прекрасно ги прикажува овие чувства и им помага на нашите млади читатели во процесот на разбирање на љубовта.
Книгата која беше бестселер во Турција, со продадени 18.000 копии, конечно излезе од печат на македонски јазик во издание на „Прозарт Медиа“.

fatih erdoganФатих Ердоган во 2017 е номиниран за најзначајната награда за детска литература во светот, „Астрид Линдгрен“. Тој важи за пионер во пишувањето на литература за деца во современа Турција. Неговите книги се продадени во повеќе од 800.000 копии во Турција. Ердоган има напишано околу седумдесетина книги за деца. Награден е со голем број на награди за неговите дела. Најголем дел од книгите ги илустрира самиот. Ердоган е основач и на издавачката куќа Мавибулут, првата издавачка куќа во Турција што објавува исклучиво литература за деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *