„Жените на Карантина“ – ремек-дело на модерната египетската литература сега и на македонски јазик

жените на карантина
Субверзивен и смешен, пргав и остар, „Жените на Карантина“ е ремек-дело на модерната египетската литература. Барокен криминален роман чие дејствие започнува на 28 март 2064 година, во Александрија од иднината, од млад Египетски писател кој ветува. Романот „Жените на Карантина“ на писателот Елтоухи не треба да го гледаме само како вообичаена современа сатира, туку како наследник на темниот хумор на Палестинскиот писател Хабиби. Всушност, романот на Елтоухи е во дел смешен египетски филм, дел социјална критика, а во дел голем роман кој наликува и на хумористична верзија на “Децата од нашата улица“ од нобеловецот Нагиб Махфуз.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *