Излезе од печат „Литературниот експрес“ од грузискиот писател Лаша Бугадзе

untitled

Издавачката куќа „Прозарт Медиа“ го објави романот „Литературниот експрес“ од грузискиот писател Лаша Бугадзе.

„Литературниот експрес“ е иронична парабола за состојбата на литературната култура, Европската унија, и нашите сопствени ситни амбиции – било да се професионални или љубовни.

Голема група на просечни писатели се поканети на семинар во специјален чартер воз, а овој роман го следи нивното патување низ Европа: горчливо, полно со препукувања и нарцисоидност. Во Литературниот експрес е и еден грузиски автор чијашто љубов кон сопругата на неговиот полски преведувач изгледа проколната како и неговата надеж за интернационален успех. Уште полошо е тоа што сите писатели собрани во Литературниот Експрес планираат да ја напишат нивната следна книга за патувањето со возот… Ќе може ли нашиот писател да се натпреварува? Има ли надеж за современата литература, или, со исклучок на тоа, ќе има ли надеж за неговата мала љубовна афера?

За авторот:

Лаша Бугадзе е роден во 1977 година во Тбилиси. Тој е драмски писател, романсиер, колумнисти и телевизиски и радио водител. Автор е на четири романи и голем број на театарски претстави; неговите дела се објавувани на грузиски, руски, ерменски, француски, германски, полски и англиски јазик. Неговиот расказ „Гревовите на волкот“ беше објавен во изборот Најдобра европска проза за 2013 година. Во 2012 станува победник на Меѓународниот натпревар на Би-би-си за драмски текстови (Навигатор). Во неколку наврати ја добива литературната награда САБА за најдобра драма во 2004,2009 и 2012 и најдобар роман во 2007 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *