Меѓународниот бестселер „Домина со боја на месо“ од летонскиот писател Зигмундс Скујинш објавен на македонски

1

Скопје, 12 јануари 2017 – Бестселерот „Домина со боја на месо“ од летонскиот писател Зигмундс Скујинш, кој е продаден во седум милиони копии ширум Европа, деновиве излезе од печат во издание на издавачката куќа „Прозарт Медиа“.

Романот е објавен во 1999 година, Станува збор за прекрасно напишан надреалистички роман со политичка алегорија. „Домина со боја на месо“ го транспортира читателот помеѓу благородништвото на осумнаесеттиот век и животот на нараторот во модерниот свет. Конекцијата помеѓу двете нарации станува јасна во хипнотичката фантазија на љубовта, страста и загубата, додека Скујинш создава дело со сублимирана уметност кое е забавно, возбудливо, поучно и филозофско, во иста мерка.

За содржината:

Кога телото на сопругот на баронесата Фон Бриген е пресечено на два дела, таа е восхитена кога открива дека долната половина е сошиена на горниот дел од телото на локалниот капетан Улсте. Таа зачнува дете само да го врати сопругот во еден дел. Она што понатаму се случува е неописливо забавно и тешко болно.

Напишаа за книгата:

Скујинш е господар на ликовите и космополитски писател што ги исполнува своите необични и незаборавни карактери.

World Literature Today

Само неколку фигури во современата латвиска литература, уживаат толку голема почит како Зигмундс Скујинш.

Virginia Quartely Review

За авторот:

ЗИГМУНДС СКУЈИНШ е еден од најпознатите летонски писатели од крајот на дваесеттиот век. Роден е во Рига, Летонија, во 1926. Неговите дела се преведени во повеќето земји во Европа, а дел од нив се адаптирани во филмови. Тој е добитник на бројни летонски и меѓународни литературни награди, вклучувајќи животен грант од Летонската државна фондација за културен капитал.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *