Вечер во знакот на еден од најпознатите турски писатели на денешницата Искендер Пала

15621676_1155334024514600_7611124756693285244_n

pokanaИздавачката куќа „Прозарт медиа“ и Tурскиот културен центар „Јунус Емре“ ве покануваат на промоција на романот „Лалето на Истанбул“.

Овој четврток (15.12.2016), со почеток во 19.30 часот, во хотелот „Буши“ во Старата скопска чаршија, а во рамките на промоцијата на романот „Лалето на Истанбул“, ексклузивно ќе гостува турскиот писател, колумнист и професор Искендер Пала, еден од најистакнатите турски писатели на денешницата. Познат е како „човекот што прави да се засака диван поезијата“. Од граѓаните на неговиот роден град е избран за „Народен херој на Ушак“. Неговиот роман „Смрт во Вавилон, љубов во Истанбул“ е продаден во тираж од стотина илјади примероци и е многупати награден. Турскиот завод за патенти го регистрира Искендер Пала како име на бренд. Во 2013 година ја добива Големата претседателска награда за култура и уметност во полето на литературата.

Авторот ќе потпишува примероци од книгата на турски и на македонски јазик.

Промотори се академик Луан Старова и проф. д-р Александар Прокопиев.

„Лалето на Истанбул“ од турски на македонски јазик ја преведе Анета Матовска.

15443117_1155334257847910_2154804223216223982_o 15493719_1155333834514619_4889473094627962970_o 15577963_1155334017847934_4966359889432533612_o 15585025_1155332944514708_3811143627185119862_o 15440347_1155333681181301_5701513008708579740_o 15585038_1155334251181244_5472304036161725359_o 15591183_1155333344514668_586779546818245818_o 15590811_1155333687847967_7554562935631976117_o 15578314_1155333174514685_4253086421996686927_o 15585028_1155332864514716_487806882217161880_o 15591003_1155332941181375_6308312579178882546_o   15591095_1155333684514634_822556845651360570_o

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *