Posted on Leave a comment

Романот „Сосема скромни дарови“ објавен на македонски

Издавачката куќа „Прозарт Медиа“ деновиве го објави романот „Сосема скромни дарови“ од српскиот писател Угљеша Шајтинац.

За овој роман Шајтинац ја доби Виталовата награда за книга на годината, наградата „Бора Станковиќ“ за книга на годината и Европската награда за литература.

ugljesa-sajtinacСтанува збор за исклучителен и современ епистоларен роман за двајца браќа кои, разменувајќи си мејлови, сведочат за своето американско и српско, њујоршко и банатско секојдневие. Роман за Банат и Њујорк. Семеен роман, во кој низ судбински икушенија на главните протагонисти, на возбудлив и впечатлив начин се говори за најгорливите социјални и општествени прашања на нашето време. Шајтинац напишал потресна и провокативна хроника на нашите денови, книга во чии писма со автентична сила говори за последниве децении од нашите животи. Жесток и страстен, непоткуплив и ангажиран роман.

Изданието е објавено со финансиска поддршка на Министерството за култура и информирање на Република Србија.

Шајтинац (Зрењанин, 1971), драмски писател, раскажувач, романсиер. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград, отсек Драматургија, 1999 година. Од 2005 предава драматургија на Академијата за уметности во Нови Сад. Романи: Чуда на природата (1993), Нада живее на крајот од градот (2002), VOK ON! (2007), Сосема скромни дарови (2011). Роман за деца: Ледината на Ветрушка (2006). Книга раскази: Чемер (1997). Драми: Реквизитер (1999), Правото на Рус (2001), Зборувате ли австралиски? (2007), Ледината на Ветрушка (2008), Лепетот на моите белодробни крила (2009). Претставите според драмите на Угљеша Шајтинац освен во српски, играни се и во британски и американски театри. Радиодрами: Во бунар (1998) и Ѓаконот на Богородичната црква (драматизација на романот на Исидора Секулиќ, 1999). По драмата Hudersfild настанал и истоимениот игран филм (2007). 155 За драмата Hudersfild добил и Стериина награда за најдобар современ драмски текст на Стеријино позорје 2005. За книгата проза VOK ON! ја добил и наградата „Биљана Јовановиќ“ за книга на годината. Живее во Зрењанин.

Posted on Leave a comment

Вечер во знакот на еден од најпознатите турски писатели на денешницата Искендер Пала

pokanaИздавачката куќа „Прозарт медиа“ и Tурскиот културен центар „Јунус Емре“ ве покануваат на промоција на романот „Лалето на Истанбул“.

Овој четврток (15.12.2016), со почеток во 19.30 часот, во хотелот „Буши“ во Старата скопска чаршија, а во рамките на промоцијата на романот „Лалето на Истанбул“, ексклузивно ќе гостува турскиот писател, колумнист и професор Искендер Пала, еден од најистакнатите турски писатели на денешницата. Познат е како „човекот што прави да се засака диван поезијата“. Од граѓаните на неговиот роден град е избран за „Народен херој на Ушак“. Неговиот роман „Смрт во Вавилон, љубов во Истанбул“ е продаден во тираж од стотина илјади примероци и е многупати награден. Турскиот завод за патенти го регистрира Искендер Пала како име на бренд. Во 2013 година ја добива Големата претседателска награда за култура и уметност во полето на литературата.

Авторот ќе потпишува примероци од книгата на турски и на македонски јазик.

Промотори се академик Луан Старова и проф. д-р Александар Прокопиев.

„Лалето на Истанбул“ од турски на македонски јазик ја преведе Анета Матовска.

15443117_1155334257847910_2154804223216223982_o 15493719_1155333834514619_4889473094627962970_o 15577963_1155334017847934_4966359889432533612_o 15585025_1155332944514708_3811143627185119862_o 15440347_1155333681181301_5701513008708579740_o 15585038_1155334251181244_5472304036161725359_o 15591183_1155333344514668_586779546818245818_o 15590811_1155333687847967_7554562935631976117_o 15578314_1155333174514685_4253086421996686927_o 15585028_1155332864514716_487806882217161880_o 15591003_1155332941181375_6308312579178882546_o   15591095_1155333684514634_822556845651360570_o