Прирачник за прекрасни луѓе

Прирачник - Корица печат половинаКога дваесет и двегодишната Марла ќе открие дека е неочекувано бремена, таа посакува семејство, но се соочува со несигурност и неизвесна иднина со нејзиното талентирано момче, Лијам, со постојаната опасност од нејзината цимерка Дани, некогашна проститутка и закоравен наркоман и некажаните, но преголеми потреби на нејзиниот помлад брат, Гавин, кој има проблеми со слухот.
Марта е под закана на синдромот на фетален алкохолизам (состојба предизвикана од консумирање на алкохол за време на бременоста) но таа сепак, покажува огромна храброст, отворено барајќи помош и задржувајќи го умот отворен кон решенија, и покрај тоа што ја губи работата, ја крши раката во сообраќајна несреќа…
И покрај сè, Марла е подготвена да признае дека сака повеќе за своето дете отколку што во тој момент може да му даде.
„Прекрасен, искрен, срцепарателен – не можам да го препорачам овој роман толку силно колку што сакам.“
Анабел Лион, авторка на Слатка девојка
Џенифер Спруит има толку посебен, силен глас, а нејзиниот прекрасен дебитантски роман „Прирачник за прекрасни луѓе“, го истакнува ова совршено. Преку силните карактери и нивните компликации, преку моќните наративни развои, нè обвива пред да имаме шанса да судиме. Скокнете во романов. Ќе ве понесе.“
Џозеф Бојден, автор на Оренда

за авторката

JSЏенифер Спруит е родена во Лојдмистер и сега живее во Кортонеј. Таа ја посетувала Програмата за креативно пишување на Универзитетот во Британска Колумбија. Џенифер ужива да подучува деца, да свири музика и да весла со сино кану. Нејзините дела се објавени во Arc, The Antigonish Review, Prairie Fire Magazine и списанието Event, помеѓу другите. Ова е нејзин прв роман.