Другата страна на Земјата

Другата страна на земјата Корица halfКнига напишана од водачот на Кадифената револуција во Ерменија, а сегашен премиер, Никол Пашинијан.

„Другата страна на Земјата“ првично, во делови, е објавувана во „Ерменија тајмс“ од мај до декември 2008 година. Во тие години никој не знае каде се наоѓа авторот. Полицијата тврди дека нелегално ја напуштил Ерменија, а потоа, повторно нелегално, се вратил во Ерменија. Самиот Пашинијан тврди дека во тоа време никогаш не ја напуштил територијата на Ерменија.

По 10 години борба со корупцијата во Ерменија, Никол Пашинијан беше избран за премиер на земјата во мај 2018 година.