Фербонија

Ferbonia Korica Pecat-HALFФил и Лувија, треба да ја разрешат мистеријата поврзана со некои чудни предмети, кои се појавуваат во инсталациите во Фербонија. Повеќепати си го ризикуваат животот, откриваат неверојатни нешта и сфаќаат дека еден од професорите не е тоа што е. Помогнати од малечкиот Пипер, миленичето кое им го покажува излезот од ситуации кои изгледаат нерешливи, двајцата треба да го спасат светот во кој живеат, и да се соочат со најголемиот земјотрес кој некогаш ја погодил Фербонија.

Рекоа за книгата:

„Ова е едно перфектно обработено сновидение за спасувањето на Фербонија. Приказна заради која ги издржав сите мои страдања“ – Дариса, шампионката на натпреварот по Сновиденија.

„Прекрасен полициски роман! Хрхр! Среќа што Фил се покажа како многу храбар, а Лувија брич итра! Се послужија со сите упатства кои им ги дадов“ – Пипер, небаре милениче.

„Јас пак, секогаш мислев дека е тој губитник! Како е можно некој како Фил кој е тапа за фантазирање да собере на едно место толку прекрасни приказни?“ – Професорот Сонко.